CEED Македонија
CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои функционираат во Југоисточна Европа.
Мисија
Да им понудиме на претприемачите и нивните извршни тимови знаење и деловни контакти кои им се потребни за забрзување на нивниот бизнис и да ја промовираме претприемачката култура во пошироко во општеството.
Визија
CEED настојува да стане препознатлив како една од најинспиративните, најкреативните и претприемнички најпосветените институции која вистински го поттикнува развојот на малите и средни претпријатија во Југоисточна Европа и пошироко.
Вредности
Ние ја реализираме нашата мисија, визија и стратегија во согласност со следните клучни вредности:
Моќта на претприемачите– Ние веруваме дека претприемачите и бизнисите кои тие ги креираат се движечката сила на секоја силна и напредна економија.
Професионалност – Извршувањето на работите со највисоко ниво на професионализам е основа на нашата култура на работење. Ние посветуваме онолку време и средства колку што е потребно за целосно разбирање на потребите на претприемачите и нивните мали и средни претпријатија.
Партнерство – Ние веруваме дека преку соработката со приватната индустрија, владините институции, научните кругови и невладините организации ќе може на најдобар начин да придонесеме кон развојот на малите и средни претпријатија и кон создавањето на просперитетни локални заедници.
Интегритет – Придржувањето кон највисоките етички стандарди, комбинирано со транспарентните и конструктивни деловни релации со нашите партнери ја зголемува нашата ефикасност и нашите можности да ги оствариме нашите цели.
Почитување на другите- Ние ги цениме разликите и црпиме сила од различноста на нашите колеги, нашите партнери, нашите клиенти и нашите донатори.
Иновација – Ние сметаме дека CEED и нашата работа треба да биде во склад со глобалните пазари и да бидеме прилагодливи како и нашите претприемачи на динамичните деловни услови и новите процеси на работа.